Полициски службеници привеле скопјанка која го нарушила јавниот ред и мир за време на денешната прес-конференција со најавен протест.
Денеска (08.12.2022) во 11:00 часот на бул.„Илинден“ во близина на хотел на подрачјето на Центар, Скопје, за време на прес конференција во врска со најавен протест, од полициски службеници од СВР Скопје е приведена П.Ц.(62) од Скопје, која го нарушила јавниот ред и мир, со агресивно однесување кон присутните и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, наведува МВР во дневниот Билтен.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.