На 13.03.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Р.(66) од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“.

Во семејната куќа во Велес, С.Р., по кратка вербална расправија, со остар предмет му се заканил на својот 37-годишен внук од Велес.

С.Р. е приведен во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.