Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера на улицата „Финска“ го лишиле од слобода Х.Д.(21) од Скопје.
Тој, како што известуваат денеска од МВР, бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236. од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.