Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 12:40 часот ги привеле Н.П. (28) и Р.П. (52), двајцата од скопско село. Тие се сомничат дека на 16 февруари 2023 во семејниот дом физики ја нападнале нивната 46-годишна мајка и сопруга, по што Н.П. физички ја нападнал и неговата 26-годишна сестра, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). 

Според МВР,  Н.П. и Р.П. биле задржани во полициска станица и дека по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.