Вчеравечер во 23.35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(41) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на Основен суд Штип, биле пронајдени и одземени повеќе различни пакувања со марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана, пари и таблети.
За настанот бил известен јавен обвинител и лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, отсекот за недозволена трговија до дрога при СВР Штип против него ќе поднесе соодветна пријава, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.