Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 30-годишниот Ш.Ф. од ова Чегране на 19.04.2022 во 10.50 часот.

За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.

 

По приведувањето, Ш.Ф. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.