Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 11.20 часот од ул.„Бетовенова“ во Скопје го лишија од слобода Д.М. (41) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна во траење од седум години и осум месеци за повеќе сторени кривични дела по чл.236 ст.1 (тешка кражба) од КЗ.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.