Вчера во 16.40 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле В.Н.(28) од Порој, тетовско. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба” казниво по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.