Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево, во текот на вчерашниот ден, го лишиле од слобода С.Р.(26) од Скопје. За него бил распишан распис, поради сомнение дека на 24 мај кај Транспортниот центар извршил кражба, при што одзел предмети од Х.О. од Турција.

– При извршен преглед кај С.Р. биле пронајдени 7 пакувања прашкаста материја, а при извршен службен разговор во полициска станица, С.Р. признал дека е сторител на кражбата, а одземените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе следува кривична пријава, информираа денеска од МВР.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.