Вчеравечер во 21 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот гостиварец Т.Ч., кој претходно бил пријавен од неговата 38-годишна сопруга дека на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар физички ја нападнал.

Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.