Вчера (24.05.2023) околу 15.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец Б.И.. Тој се барал со судска наредба за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а набргу бил спроведен во установата.
Нешто подоцна, околу 16.20 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, го привеле 35-годишниот гостиварец А.С. за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово. И А.С. бил спроведен во оваа установа за издржување на затворската казна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.