Во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по преземени оперативни мерки и активности, вчера на подрачјето на Центар е лишен од слобода Д.Г. (21) од Скопје. При претрес извршен со судска наредба во помошни простории од зграда, кои ги користел, биле пронајдени и одземени дигитална вага и пакување со марихуана.

Како што информира денеска МВР, лицето е приведено во Полициска станица, а до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи, нагласуваат оттаму, ќе продолжи со засилените мерки и активности за спречување на недозволената трговија и продажба на наркотични дроги на територијата на целата држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.