Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија вчеравечер бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија.
Како што соопшти МВР, М.Г. (21) бил проведен вчера околу 19.30 часот во село Давидово од полициски службеници од РЦГР Југ- Полициска станица за ГП и ГН Богородица.
Со патничко моторно возило „фолксваген туарег” превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.