Вчеравечер во 21.00 часот во тетовско село, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Л.Н.(20) од истото село.

Тој се сомничи дека околу 18.30 часот во селото недолично се однесувал и се обидел да допира по телото 25 – годишна соселанка. Според пријавеното,
истото го направил и претходниот ден на нејзините сестра и мајка, на кои се обидел да им одземе и мобилен телефон.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.