Полицијата вчера на превојот Плетвар приведе 31-годишен прилепчанец кој бил баран за издржување казна затвор. Кај него била пронајдена и одземена дрога.
На 26 јануари 2022 полициски службеници од ОВР Прилеп на превој Плетвар го лишиле од слобода С.Ј.(31) од Прилеп, бидејќи кај него биле пронајдени и одземени една ќеса со бела грутчеста материја и 24 таблетки, а покрај тоа, бил баран по наредба на Основен суд Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, извршена на подрачјето на Скопје, соопшти МВР.
Тој е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.