Вчера во ОВР Прилеп Е.А.(37) од Прилеп пријавил дека со Е.Б., со кого од претходно се познавале, со патничко возило „даеву“, кое тој го управувал, заедно дошле до „Маркови кули“.

Според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал со употреба на метален предмет, а потоа го однел кај местото познато како „Германска чешма“, кај с.Дабница каде што повторно физички го нападнал, а потоа го врзал, му одзел пари и заминал.

Според пријавеното, на нападите им претходела расправија во врска со сопругата на Е.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.