СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид, поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид.

Како што објаснуваат оттаму, пријавениот како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот, што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.