Полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, вчера извршиле претрес во домот и помошни простории на 47-годишниот тетовец А.Е., кој се барал за издржување на затворска казна.

При претресот, во просториите кои ги користел А.Е., а кој во моментот бил отсутен, пронајден е и од неговата 38-годишна сопруга одземен е хероин, како и предмети со остатоци од хероин.

По комплетно документирање на случајот против А.Е. ќе следува соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.