Од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје во скопската полиција било пријавено дека во средата кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од с.Чифлик, скопско.
По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.