Вчеравечер во 21.55 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната М.Р. од Велес, удрило во малолетен пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.