Вчера во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на крстосницата на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ удрило во 45-годишниот тетовец А.Б., по што го напуштило местото.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.