Повредената жена од сообраќајната несреќа што се случи денеска во 16:00 часот на крстосницата кај Башино Село близу Велес на автопатот Скопје-Гевгелија е препратена на Скопските клиники, а нејзиниот сопруг е задржан во велешката Општа болница.
-Повредената 73-годишна жена М.И. од Гевгелија од сообраќајката кај Башино Село кај Велес попладнево по приемот во велешката Општа болница и направени снимања поради сериозноста на повредите – скршеници на натколеница вечерва со возило на Итна помош е препратена на понатамошно лекување во Скопските клиники. Таа е вон животна опасност, информира за МИА Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Нејзиниот сопруг 79 годишниот Д.И., додаде, е задржан на лекување во Хируршкото одделение на велешката Општа болница. Него му биле направени рентген и томографски снимања. Нивната ќерка 43-годишната Л.К. која го управувала возилото поминала со гребнатини, а по неопходните рентген испитувања и укажаната лекарска помош била препратена на домашно лекување.
Сообраќајката се случи денеска попладне околу 16 часот на крстосницата кај Башино Село на автопатот Велес-Гевгелија кога возилото управувано од 43-годишната Л.К. само ја предизвикало сообраќајната несреќа, а увид направила екипа на СВР Велес.
-Денеска во 16:00 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје-Неготино во атар на село Башино Село, велешко, патничко возило со национални регистарски ознаки на Република Грција, управувано од Л.К. 43-годишна од Гевгелија, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И.(73) од Гевгелија сопатничка во возилото, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.И.(79) од Гевгелија, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, информира за МИА портпаролот Билјана Ѓаковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.