Васил Ефтимов е жртвата која денеска претпалдне на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ во Скопје беше убиен со истрел во главата.

Како што објавуваат медиумите, тој е бизнисмен, кој се занимавал со продажба на материјали за водовод и канализација, но имал и дуќан за бижутерија во трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром.

Плусинфо пишува дека убиството е сплет на несреќни околности, бидејќи напаѓачите помислиле дека Ефтимов во својот автомобил носи чанта полна со злато и вреден накит.

Тие се обиделе да го ограбат, но убиениот им се спротивставил. И тоа бил моментот во кој тие одлучиле со еден истрел во главата да го лишат од живот.

Неофицијално, кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице, најверојатно сопругата.

Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.