На 03.05.2024 во 18:05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4, на излез од Радовиш кон Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л.(27) од Радовиш и патничко возило „опел“ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г.(49) од Радовиш.
На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравен дом Радовиш.
Ј.Г.(41), сопатничка од возилото „опел“ се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Штип.
Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на Полициската станица Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.