Познат идентитетот на лицата кои измамиле лице со попреченост од Делчево подигнувајки кредит во негово име. Случајот во полиција го пријави делчевецот Невзат Фејзулов, кој во понеделникот за МИА информираше дека за кредитот на неговиот син Денис Фејзулов бил информиран телефонски, при што му било напоменато дека неговиот син должи сума од околу 3000 евра.
Во врска со случајот денеска од полицијата информираа дека по преземените мерки констатирано е дека 42-годишниот делчевец бил измамен од лицата М.У. од Делчево и М.А од Штип.
Како што е пријавено, во текот на месец јануари 2022 година тие го убедиле, доведувајки го во заблуда, да земе кредит од неколку финансиски друштва, по што му ги зеле парите и заминале, велат од полицијата повикувајки се на соопштението од СВР од каде е преземен случајот.
Во тек се преземање понатамошни мерки, по што е најавена соодветна кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.