Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, вели за МИА  градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и додава дека ова е ново жариште и линијатата на огнот на оваа планина се зголемува.

Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се анагажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината.

Тој најави дека и вечерва ќе биде свикан кризниот штаб и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.

Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Но, македонските и турските ер трактори, како и хрватскиот канадер заминаа на други пожари во земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.