Пожарот на депонијата „Трештена скала“ во близина на Штип е надвор од контрола, односно е проширен и надвор од кругот на депонијата.

Командиторот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека на терен се веќе 12 пожарникари со три противпожарни возила, се гасне со вода, но и со пожарникарски метли, бидејќи околината околу депонијата е сува трева и ниска вегетација.

Според известувањето во Регионалниот Центар за управување со кризи-Штип пожарот на депонијата „Трештена скала“ е пријавен во 13:25 часот.

Ова не е првпат да се пали депонијата „Трештена скала“. Пред десетина дена исто така беше запалена депонијата, а граѓаните на Штип ја чувствуваа неподнислива реа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.