Рано утринава избил пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, потврдуваат за Телма од надлежните институции.
Пожарот е пријавен во 6:10 часот наутро во село Леуново во викендицата која се наоѓа во близина на хотел „Радика“.
Нема повредени лица, противпожарна единица од Гостивар е на терен и го гасне пожарот.
Пожарот избувнал од засега непознати причини, а натамошната истрага треба да ги открие причините за пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.