Центарот за управување со кризи информира дека на бројот 112 е примена дојава за пожар во населбата Ѓорче Петров од левата страна на реката Вардар.

Оттаму посочуваат дека веќе интервенира Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Во ЦУК на 112 е добиена пријава за пожар во населба „Ѓорче Петров“, покрај мостот, карши бензинската пумпа на „Макпетрол“, лева страна на реката Вардар. Во близина има куќи. БППЗ Скопје се известени, веќе интервенираат и најверојатно ќе биде изгаснат за кратко, велат од ЦУК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.