Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај с. Фалише се упати во Тетовско, информираат од ЦУК.

Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“.

Фото: ЦУК

Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Фото: ЦУК

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово (густа магла) не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

Од ЦУК препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не пресстојуваат надвор, на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.