Пожар синоќа ја зафати фабриката „Ником“ во Кавадарци. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи на Комуналец, Шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино. Утрово, од Противпожарната единица потврдија за МИА дека пожарот бил локализиран околу 01:30 часот, но нивна екипа останала на терен за да ја следи состојбата.
За пожарот синоќа информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој на Фејсбук напиша дека Територијалната противпожарна единица интервенирала во полн состав од 30 пожарникари.
На терен биле испратени и екипи на јавното претпријатие Комуналец, Голд Никел и шумското стопанство Бор, како и екипи од Велес и Неготино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.