Припадници на Територијалната противпожарна единица од Кочани интервенираат на терен за гаснење на запалено стрниште во близина на кочанското село Горни Подлог, соопшти Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, интервенцијата на повеќе пожарникари со противпожарни возила е започната околу 18 часот, а гаснењето на огнот го отежнува силниот ветер

Покрај овој пожар, низ Кочанското Поле горат стрништа и сува трева и на други локации. Од ЦУК додаваат дека станува збор за оризови полиња што ги палат локалните жители како подготовка за сеидба на обработливите површини.

Во периодот од 13:00 часот до 16:15 часот ТППЕ Кочани интервенираше на запалено стрниште помеѓу селата Грдовци и Мојанци. Поради силниот ветер пожарот брзо се ширел и гасењето било отежнато. Во гаснењето на пожарот учествуваа 11 пожарникари со шест возила како и 8 членови од Доброволното противпожарно друштво со 1 возило. Опожарена е површина со сува трева од околу 30 хектари, а пожарот зафатил и неколку плевни и една машина балирачка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.