На 23.04.2022 во 14,53 часот било пријавено дека во с.Марино настанал пожар во помошна просторија, во која се чувало сено и пожарот се проширил во шталата која била до помошната просторија, при што изгорени биле неколку домашни животни, соопштија од МВР.

Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а во гасењето на пожарот учествувал и сопственикот на шталата С.Т.(66) кој се здобил со повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.