Пожар во зградата на Министерството за култура во Дебар маало јавува 24 инфо.
Вработените во моментов се надвор од зградата. Набрзо по избивањето на пожарот, пожарна пристигна на местото и го гаси пожарот. Се претпоставува дека пожарот избил во простории каде се чуваат документи.
Од МВР и пожарните служби се уште нема информации за овој случај.
Од Министерството за култура информираат дека во просториите на Министерството за култура изби мал пожар, кој веднаш беше изгаснат од вработените со ПП апарат.
Според протоколите за работа сите вработени од Министерството беа евакуирани навремено. Беше повикана Противпожарната служба и екипа на Министерството за внатрешни работи, како и екипа од Јавното обвинителство кои вршат увид за утврдување на причините за пожарот и евентуално причинетата штета.
Кога ќе имаме дополнителни информирмации ќе ја информираме јавноста, соопштија од Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.