Повторно гори градската депонија Острец во Делчево. Пожарот е пријавен до ТППЕ Делчево од каде информираат дека нивни екипи веќе се упатени на терен по што ќе пристапат кон нејзино гаснење.
Ова е чест проблем во летните месеци и затоа секогаш апелираме до граѓаните да се пријавуваат ваквите појави. Наша екипа е на терен и се надеваме ќе имаме брза реакција да не дојде до пожар од посериозни размери, информираа од ТППЕ Делчево.
Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница” додадоа дека поради честото проблем депонијата периодично се затрупува со земја, но се случува повторно од стакленичките гасови и други причини повторно да дојде до нејзино палење.
Апелираа на одговорно однесување на граѓаните и одбегнување палење на стрништа во близина на депонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.