Вчера околу 13.38 часот во СВР Штип било пријавено дека на улица „Сремски фронт“, мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Ч.(23) од Штип, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мопедот М.И. (22) од Штип, а со телесни повреди се здобил возачот М.Ч. констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.