На 15.09.2023 во 00:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ биле донесени двајца малолетници од Скопје, при што кај едниот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другиот телесни повреди.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите од физички напад од две лица во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.