Во Здравствен дом Крива Паланка со повреди бил донесен Д.З., на возраст од 49 години. Тоа, според пријавата синоќа во 20.05 часот во ОВР Крива Паланка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во Јавното претпријатие „Македонија пат“, се појаснува во соопштението.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.