Повреден е пожарникар од Територијалната Противпожарна единица во Свети Николе, информира портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова преку писмено соопштение. Во него се вели дека пожарникарот е повреден вчера при интервенција на пожар во селото Ерџелија. Настанот во Полициската станица Свети Николе бил пријавен вчера околу 11.45 часот.

При гаснење на пожар во штала во село Ерџелија, светиниколско, со повреди се здобил 49 годишен пожарникар од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Свети Николе, се вели во писменото соопштение на СВР-Штип.

Изминатите денови пожарникарите имаат голем број на интервенции на стрништа, сува трева и нискостеблеста шума. Поголем дел од пожарите се предизвикани намерно со палење на стрништата по жетвата на житните култури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.