Малолетник од Волково бил повреден откако едно лице фрлило со тврд предмет во стаклото од автобус на раскрсницата од ул.„Лука Геров“ со ул. „Тиранска“ во Скопје, соопшти полицијата.

Имено, вчера во 15.51 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П. пријавил дека додека управувал автобус со скопски регистарски ознаки, на раскрсница од ул.„Лука Геров“ со ул. „Тиранска“ во Скопје, едно лице, фрлајќи со тврд предмет, оштетило стакло од автобусот и повредило малолетен патник од с.Волково, скопско, на кого му била укажана лекарска помош.

За случајот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.