Полицијата во текот на вчерашниот ден и ноќеска извршила претреси кај 16 лица и кај нив пронашла дрога. Полицајците најчесто наоѓале марихуана, иако некои приведени имале и кокаин па и хероин. Меѓу нив има луѓе на најразлична возраст иако доминираат млади лица. Меѓу нив еден е малолетник а уапсен е и странец со кокаин.
На 09.10.2024 во 21.40 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(26) од Тетово поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 21.30 часот на регионален пат с.Пирок – Тетово, кај селото Долно Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода М.А.(21) и Е.Ѕ.(22), двајцата од Боговиње, и Л.И.(20) од с.Синичане. При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 21.50 часот на регионален пат Тетово – Скопје, во село Желино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода Б.Ф.(18), В.Ф.(22) и И.З.(22), сите од тетовска Палатица, При преглед кај нив и во патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и ризла. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (10.10.2024) во 01.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 19.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.В.(31) од Грузија затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и кафеава грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(49) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени жолта прашкаста материја и два ножа. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 09.10.2024 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Д.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 19.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.В.(19) и Д.М.(19), двајцата од Штип. При преглед кај нив и во возилото „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М., кај С.В. била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 09.10.2024 во 22.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од село Долни Липовиќ, радовишко и Г.В.(51) од село Лубница, општина Конче, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.