Вчеравечер во 21:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(74) од с.Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Д.Ј.(73) од с.Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.