Попладнево околу 16:30 часот избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел.

-ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.

Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.