Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка, велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.