Вчеравечероколу 20.30 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, кај место викано „Суво поле“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта ги лишиле од слобода В.К.(45) и У.Б.(48), двајцата од Дебар.

На наведеното место, полициски службеници дале знак за запирање на возило „бмв“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал В.К., а сопатник бил У.Б., но возилото продолжило со движење.

Набргу, возилото било запрено и при преглед во него била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.