И скопската полиција е во потрага по 14-годишната Вања Ѓорчевска, за која нејзината мајка Зорица на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека исчезнала одејќи накај училиште.
На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од СВР Скопје за „Република“.
Мајката на Вања објави дека последен пат била видена 7:20 часот во Дебар Маало, на пат кон основното училишта „Песталоци“.
Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.
Ѓорчевска упати апел секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.