Вчера вечер на подрачје на општина Центар, полициски службеници од полициската станица Центар при СВР Скопје лишиле од слобода четири малолетници од Скопје, при што кај еден од нив бил пронајден и одземен нож. Тие се сомничат дека извршиле повеќе кривични дела.
„Малолетниците се сомничат дека на 5 април околу 22 часот во Градскиот трговски центар физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје и дека истиот ден 40 минути подоцна физички нападнале друг малолетник од Скопје. Исто така, тие се сомничат дека на 6 април околу 20 часот во Градскиот трговски центар физички ги нападнале Л.Т. и С.А., двајцата од Скопје“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител за малолетници, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.