Инцидент во кој во Арачиново е пукано врз градоначланикот на општината Ридван Ибраими, ја потресе јавноста. Според информациите од МВР, нападот се случил додека градоначалникот се движел во своето возило. Во нападот има двајца ранети, но градоначланикот не е повреден.

Од полицијата за „Порталб“ го потврдуваат случајот.

Денеска во 13:25 часот во СПБ Скопје пријавено е дека на влез во село Харачина машко лице со автоматска пушка пукало во градоначалникот на општина Харачина Р.И., кој бил заедно со повеќе лица. Таму се повредени две лица кои биле заедно со градоначалникот“, наведуваат од полицијата и додаваат дека се работи на расчистување на случајот.

Од полицијата потенцираат дека градоначалникот не е повреден и додаваат дека не се точни шпекулациите дека има и повредени полицајци.

Во врска со инцидентот во Харачина, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки на местото на инцидентот, даде наредба за подигање на трагите и вршење на соодветно вештачење“, соопштија од Обвинителството, додавајќи дека наредбата е дадена и за обезбедување на снимки од камерите пронајдени во објектите во близина на местото на настанот.

Во инцидентот сериозно е повреден возачот на градоначалникот на општина Арачиново.

Тој има прострелна рана во градниот кош. Се работи за момче на околу 30 години“, изјави во разговор за „Телма“, Неџати Јакупи, директор на Клиниката за торакална хирургија при Клиничкиот центар во Скопје.

Истрелите кон Ибраими дошле од автомобил во движење.

На местото на настанот има многу полицајци, додека влезовите и излезите на Харачина се блокирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.