Во текот на јуни годинава во спроведени засилени акциски контроли на територијата на државава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, биле санкционирани 1655 возачи, известуваат од МВР.

Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 389 возеле без возачка дозвола, 49 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава и друго, соопштуваат од полицијата.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.