СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.Ф.(60) и О.Ф.(28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 02.10.2023 на крстосница од Качанички пат со бул.„Словенија” во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ш.(28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 28.09.2023 во близина на с.Голиово, општина Чучер Сандево, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.